Престижна номинација за филмот на Манчевски: „Врба“ во трка за европскиот Оскар

Европската филмска академија (ЕФА) вчера ја објави одлуката да го вклучи „Врба“ на Милчо Манчевски во селекцијата за најдобар филм на 33. Европски филмски награди.

За филмовите во селекцијата за најпрестижната европска награда, што е позната и како европски Оскар, ќе гласаат повеќе од 3.800 членови на Академијата и ќе изберат по пет номинации во пет категории: најдобар филм, режисер, актер, актерка и сценарио.

Номинациите ќе бидат објавени на 7 ноември на фестивалот во Севилја, Шпанија.

Годинава доделувањето на наградите на Европската филмска академија ќе се одржи во Рејкјавик, Исланд, на 12 декември. Во селекцијата на ЕФА, годинава се 38 филма.

Ова е вторпат филм од Манчевски да влезе во селекцијата за европските филмски награди, во 2011 година беше селектиран и неговиот „Мајки“.

„Врба“ е добитник на наградите „Хосе Оливеира“ на Фантаспорто во Порто, за најдобар филм на Велингтон, Нов Зеланд, се прикажа и на фестивалите во Талин, Тајпеј, Пекинг, Истанбул, Сараево, ФЕСТ во Белград, Синеквест во Сан Хосе, Клуж-Напока, Бенгалуру во Индија… „Врба“ неделава ќе го отвори фестивалот во Софија, а ќе го затвори фестивалот во Тирана. Номиниран е и за најдобар меѓународен филм и за најдобар режисер на Рејнденс во Лондон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот