„Преслатки“: Видеото на кое мачки спијат гушкани под ќебе е прегледано повеќе од 25 милиони пати

мачки
Фото: Принтскрин/Твитер

На социјалната мрежа „Твитер“ се појави видео од три мачки како спијат гушнати. На видеотo сопственикот го крева ќебенцето, а потоа се гледаат трите мачки како безгрижно си одмараат.

Изгледа дека овие мачки навистина многу се сакаат бидејќи се прегрнати додека си лежат заедно една зад друга.

Видеото досега е прегледано повеќе од 25 милиони пати за само два дена, а луѓето се воодушевени од оваа сцена.

„Неверојатно е што не мрдаат или бегаат“, „Колку се дружељубиви и слатки“, „Подобро се сложуваат од некои човечки суштества“, „Ги обожавам“, се само дел од коментарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот