Премиера на театарската претстава „Припаѓање“ на 3 јули во МКЦ

Фото: Промо

Театарската претстава „Припаѓање“ премиерно ќе се прикаже в понеделник, 3 јули, со почеток во 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ). 

„Припаѓање“ е театарско излагање што се занимава со прашањето за грижата како концепт.

 „Како се грижиме едни за други?“, „Колку од нашата грижа е всушност перформанс?“, „Колку можеш да припаѓаш онаму каде што не се грижат за тебе?“, се прашањата кои ги отвора претставата.

„Се обидовме да ги собереме нашите моментални увиди во едно дело со отворен концепт, кое го градиме на начин што дозволува негов понатамошен развој со секоја изведба. Веруваме во тоа дека нашите сознанија ќе растат со помош на заедницата за која се собравме да создаваме“, велат од продукцијата на „Атриум“.

 

Актерската екипа ја сочинуваат Нина Елзесер, Филип Миленкоски, Сара Спиркоска, Дарко Ристовски и Ади Имери.

Авторка и режисерка е Хана Миленковска, додека ко-авторка и драматург е Калија Киселички.

Продуцент на претставата е Дино Чупевски, кореографијата е на Бобан Русески, костимографка е Мила Спасовска, за дизајн на светло е задолжен Игор Митревски, графичкиот дизајн е дело на Матеја Николиќ, а композитор е Ади Имери.

Претставата е во продукција на „Атриум“, поддржана од Министерство за култура на РСМ, Младински културен центар, Општина Ѓорче Петров и МладиХаб.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот