Прекината свадба со триесеттина луѓе во Врапчиште, домаќинот ќе заработи кривична пријава

Полиција / Фото: МИА

Гостиварската полиција попладнево прекинала свадбена свечност во селото Врапчиште која се организирала пред семејна куќа. Во полициска станица бил приведен сопственикот кој ќе се соочи со кривична пријава.

Од СВР Тетово информираа дека околу 15 часот и 40 минути, полициски службеници на СВР Тетово-ОВР Гостивар го лишиле од слобода А. З. (56) од гостиварско Врапчиште.

– Пред неговата куќа била организирана свадбена свеченост, на која присуствувале триесетина лица кои ги забавувал музички оркестар. Сопственикот на куќата е задржан во Полициската станица Гостивар, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

На местото е извршен увид и по целосно расчистување и документирање на случајот против А. З. ќе биде изготвен поднесок по член 206 од Кривичниот законик, поради сомнение дека сторил кривично дело-непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Во последниот апел на СВР Тетово до угостителите во полошкиот регион беше посочено на доследно почитување на најновите владини мерки и воздржување од организација на свадбени и други свечености или прослави.

– Во спротивно најригорозно ќе бидат санкционирани сите прекршувања на мерките, особено во случаи кога ќе биде констатирано групно собирање во објекти за најразлични поводи. Непочитувањето на мерките oд угостители или поединци-организатори на семејни прослави ќе се третира кривично и нема да се толерираат никакви отстапувања од предвиденото, нагласува Јосифоски.

Апелот доаѓа во период од годината кога во родниот крај доаѓаат иселениците и традиционално се организираат веселби, свaдбени свечености и приредуваат други семејни собирања.

Изминатава недела во гостиварско од слобода беа лишени три лица, кои во нивните локали примале гости по работното време и правеле забави за гостите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот