Правила за безбедно возење кои секој возач треба да ги почитува
Постојат неколку правила за безбедно возење кои секој возач би требало да ги почитува.
Оптималната положба при возењето ќе ви овозможи да се чувствувате поудобно зад воланот, но со тоа ги намалувате и шансите за посериозни повреди во случај на судир.
Прочитајте ги следнице неколку основни правила кои се однесуваат за држење правилна положба при возењето:
Стапала
Десната пета би требало да биде сместена на подот од автомобилот меѓу гасот и кочницата. Стапалото треба комотно да се префрла меѓу педалата, без притоа да се подигнува од подот.
Левата пета треба удобно да биде сместена на посебно место од левата страна и треба постојано да стои овде, освен кога ја користите кочницата.
Нозете и грбот
Колената треба да ви бидат благо свиени, не само поради удобност, туку и затоа што на тој начин му помагаат на телото подобро да се справува со тресењето на автомобилот, посебно кога ќе наидете на некоја дупка по патиштата.
Грбот би требало да биде исправен на седиштето. Придвижето го седиштето напред, со цел да не бидете подалеку од педалата и воланот.
Волан
Повеќето модерни автомобили имаат бројни подесувања за волан, што е многу важно поради воздушните перничиња. Воланот треба да биде спуштен надолу што е можно повеќе, а притоа да не го блокира вашиот поглед на инструменталната табла.
Идеална ситуација би била да гледа кон вашите гради, а не кон лицето, а оддалеченоста од вас и средината на воланот би требало да изнесува отрпилика како една А4 страница.
Во случај воланот да е поблиску до вас, вие ризикувате да бидете повредени при активирање на воздушните перничиња во случај на судир.
Поддршка за глава
Држачите за глава на седиштата се овде за да пружат поддршка во случај на нагол удар, со цел да ги намалат евентуалните повреди на вратот.