Пратениците ќе расправаат за Законот за заштита и спречување од дискриминација

Фотo: Слободен печат/ Драган Митрески

На дневен ред на седницата се и повеќе економски закони, меѓу кои, Предлог измените на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување.

Собранието денеска ќе ја продолжи 126 седницасо повеќе точки на дневен ред, меѓу кои, Предлог програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во 2020 година, Предлог измените на Законот за спречување и заштита од дискриминација, како и измените на Законот за семејство и на Законот за еднакви можности на жените и мажите, сите по скратена постапка.

На дневен ред на седницата се и повеќе економски закони, меѓу кои, Предлог измените на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, измените на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, измените на Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување и измените на Законот за работните односи, сите по скратена постапка. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот