Пратениците ја научија лекцијата на самиот крај: Донесени низа закони без политички препукувања од говорницата

На самиот крај на мандатот на овој парламентарен состав пратениците без премногу дискусија, дебата, и без препукувања од собраниската говорница и расфрлање со навреди донесоа низа закони.

Собранието на последната седница за овој четиригодишен мандат донесе неколку закони. Законот за медуми, за здравствена заштита, за спорт, Закон за стокови резерви, за електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, Закон за издавање обврзници за денационализација, Закон за МАНУ, оној за гаранција на Македонија на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање на проектот за надградба и развој на патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка и Јавното претпријатие за државни патишта….

На крајот на седницата, спикерот Јован Митрески потсети дека иако денеска беше последната пленарна седница за овој парламентарен состав, Собранието ќе биде постојано заседание.

„Нема одлука за распуштање, бидејќи изборите се редовни. Мандатот на пратениците трае до верификација на мандатот на следните пратеници. Ако има потреба, ќе бидете дополнително свикани. На сите ви посакувам успешна кампања“, рече Митрески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот