Познати квалификациските групи за пласман на ЕП во Македонија, Словенија и Црна Гора

Македонската женска сениорска ракометна репрезентација/СЦ „Борис Трајковски, Скопје/фото: РФМ

Европските женски сениорски национални репрезентации денеска ги дознаа своите противници во квалификациите за пласман на Европското првенство (4-20 ноември 2022 година) кое ќе се одржи во три земји, Словенија, Црна Гора и Македонија.

Бранителот на титулата, Норвешка како и организаторите на следното ЕП имаат обезбедено место на завршниот турнир во ноември 2022 година, а останатите 12 места ќе бидат распределени преку квалификациите кои започнуваат во октомври 2021 година.

Денеска со жрепка во канцеларијата на ЕХФ во Виена беа формирани квалификациските групи, вкупно шест. Првопласираните две репрезентации од секоја група ќе се најдат на континенталниот собир.

Група 1: Русија, Полска, Швајцарија, Литванија
Група 2: Данска, Романија, Австрија, победникот од претквалификациската група 3
Група 3: Холандија, Германија, Белорусија, победникот од претквалификациската група 2
Група 4: Франција, Хрватска, Чешка, Украина
Група 5: Шпанија, Унгарија, Словачка, победникот претквалификациската група 1
Група 6: Шведска, Србија, Исланд, Турција

Во првата фаза (претквалификации), 11 национални репрезентации веќе се поделени во три групи и само првопласираните од секоја група ќе го обезбедат местото во главните квалификации. Мечевите од оваа фаза ќе се играат во период од 31 мај до 6 јуни 2021 година.

Група 1: Португалија, Косово, Луксембург, Кипар
Група 2: Грција, Италија, Босна и Херцеговина, Летонија
Група 3: Фарски Острови, Израел, Финска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот