Позната тиктокерка почина од рак на 22 години: Сѐ започнало со болки во грбот

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Познатата тиктокерка Лија Смит, почина на 22-годишна возраст по петгодишна битка со рак на коските. Ѕвездата на социјалните мрежи, од Ливерпул, собра над половина милион следбеници откако го документираше своето искуство со болеста преку интернет.

Семејството на Лија објави дека таа вчера утрото, на 11 март, починала од Јуингов сарком, исклучително редок рак кој ги погодува меките ткива и коските, пишува „Дејли мејл“.

Во емотивното видео објавено на нејзината страница, нејзиното момче Ендру им кажа на следбениците дека Лија починала на 11 март.

Фото: Instagram / xx_leahsmith

„Сакам само да им се заблагодарам на сите. Сите ваши коментари помогнаа. Всушност, таа ги прочита сите. И секој што некогаш рекол нешто убаво значи повеќе отколку што сфаќате. На сите ќе ни недостасува Лија и ќе се погрижиме никогаш да не ја заборавиме. Сакам да видам како сите зборуваат за Лија и колку е таа неверојатна и колку им помагаше на сите“, изјави Ендру.

На Лија ѝ беше дијагностициран рак во октомври 2019 година, откако се пожали на постојана болка во грбот.

„Имав многу силни болки во грбот 10 месеци. Беше постојано, потоа изгубив секакво чувство во левата нога и знаев дека нешто дефинитивно не е во ред“, објасни тогаш Лија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот