Познат српски новинар уапсен под сомнение дека на протестот носел обесена кукла со ликот на Вучиќ

Долгогодишниот новинар и писател Бошко Савковиќ денеска околу пладне е уапсен под сомнение дека  синоќа на протестот во Белград носел транспарент со обесена кукла со ликот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Тој е  приведен околу пладне во својот во врска со куклата што се појавила на нивниот транспарент на протестот „Србија против насилството“.

Неговата ќерка Емилија за српските медиуми вели дека се појавиле четворица мажи на нивната врата без налог за апсење и не се легитимирале.

„Се собравме 15 луѓе кај споменикот (на плоштадот Никола Пашиќ). Транспарентот беше цело време тука и на фотографиите се појави некаква кукла. Очекуваме да видиме што ќе се случи. Станува збор за кукла која премиерката на Србија ја прикачува на својот твитер-профил. Транспарентот е сè уште кај нас, го гледаме. Го видоа и инспекторите кои дојдоа. Но, ние немаме врска со куклата“ вели таа за дневниот весник „Данас“.

За обесената кукла со ликот на српскиот претседател вчера прва реагираше премиерката на Србија, Ана Брнабиќ која на својот твитер-профил сподели фотографија од куклата која виси покрај транспарент. Таа во својата објава, која потоа беше споделена од голем број членови на Српската напредна партија (СНС), јавно праша како да им ја објасни содржината на фотографијата на своите деца.

„Обесената“ кукла со неговиот лик денеска ја коментираше и српскиот претседател Александар Вучиќ, наведувајќи дека дел од неговата работа е да трпи такви „гасни работи“.

Граѓаните на протестот „Србија против насилството“ му оставија пораки на Вучиќ и најавија нов собир за следната недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот