Познат наследникот на Зидан во случај на отказ, тоа е една од најголемите легенди на Реал
Зинедин Зидан доби од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, два натпревари за да се спаси од отказ по лошиот старт на сезоната.
Реал Мадрид во првото коло од Лигата на шампионите загуби од Шахтјор Доњецк кој пак играше без осум стандардни првотимци.
Ова беше втор пораз по ред за „кралевите“ откако изминатиот викенд загубија од Кадиз во Ла Лига, поради што мораше да интервенира претседателот Флорентино Перез.
ВИДЕО: „Рударите“ го шокираа Реал, Шахтјор славеше без девет првотимци!
Тој по вчерашниот пораз од Шахтјор, се симнал во соблекувалната и одржал триминитен говор, по што медиумите шпекулираат дека на Зидан му дал два натпревари за да докаже дека заслужува да остане на клупата.
Медиумите веќе го дознаа и потенцијалниот наследник на Зинедин Зидан на клупата на Реал Мадрид, тоа треба да биде една од најголемите легенди на клубот, Раул Гонзалес Бланко кој моментно е тренер на вториот тим на Реал Мадрид,