Фото: Принтскрин / Инстаграм

Познат кантри пејач удрил жена со својот автомобил: Жртвата починала, истрагата е во тек

Американскиот кантри пејачот Конер Смит (24) предизвикал фатална сообраќајна несреќа во Нешвил кога удрил жена која ја преминувала улицата на пешачки премин.

Тој возел пикап „шевролет силверадо“ кога ја удрил Дороти Добинс (77) додека таа ја преминувала улицата на обележан пешачки премин, според соопштението објавено од Метрополитенската полициска станица во Нешвил.

Добинс, за која полицијата соопшти дека живеела во близина на местото на настанот, била однесена во Универзитетскиот медицински центар „Вандербилт“, каде што подоцна починала. Полицијата вели дека Смит не дал предност на пешакот, а несреќата е под истрага и не се потврдени обвиненија против пејачот.

Адвокатот на Смит потврди за списанието „Пипл“ дека пејачот била вклучен во фаталната сообраќајна несреќа.

„Нашите мисли се со семејството на г-ѓа Добинс во ова неверојатно тешко време. Г-дин Смит продолжува целосно да соработува со тековната истрага“, изјавил адвокатот во соопштението.

Изворот додаде дека несреќата била случајна и дека Смит не бил под дејство на алкохол, ниту користел мобилен телефон додека возел. Инцидентот се случил на последниот ден од годишниот „ЦМА фест“, четиридневен фестивал во Нешвил кој ја слави кантри музиката.

Инаку, Смит, кој е роден и израснат во Нешвил, потпиша договор со издавачката куќа „Валори“ и го издаде својот деби албум, „Smoky Mountains“, минатата година. Тој го поддржа Лук Брајан на турнејата. Во април, Смит го издаде синглот „Country in the Clouds“ со Дилан Марлоу, кој се појавува и на саундтракот на „Twisters“. Тој се ожени со сурферката Лиа Томпсон во април 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот