Повторно отворање на границите: Париз очекува реципроцитет од САД
Работиме на европско ниво, несомнено ќе завршиме до мај, со список на неевропски земји, можеби и САД, чии државјани ќе можат да дојдат во Европа со завршувањето на епидемијата на Ковид-19 рече францускиот државен секретар за европски прашања Клеман Бон за ТВ Франс 2.
Франција ќе побара реципроцитет ако границите на ЕУ се отворат за Американците во текот на летната сезона, јави дописникот на МИА.
– Работиме на европско ниво, несомнено ќе завршиме до мај, со список на неевропски земји, можеби и САД, чии државјани ќе можат да дојдат во Европа со завршувањето на епидемијата на Ковид-19 рече францускиот државен секретар за европски прашања Клеман Бон за ТВ Франс 2.
Зеленото светло за отворање на границите за несуштински патување ќе се заснова на три критериуми „солидна здравствена состојба” во предметните земји, „сигурен доказ за вакцинирање или тестирање” и „реципроцитет”, наведува Бон.
– Тоа е прашање на правда и здрав разум. Европјаните нема да разберат ако кај нас можат да дојдат американски или други туристи, а ние не можеме да одиме кај нив. Потребен е и системот кој ќе биде сигурен дека нема измама со вакцините, со тестовите, додаде Клеман Бон.
Европската унија веќе го додаде Израел на 6 мај на списокот на земји чии патници можат да бидат примени на нејзина територија (Австралија, Нов Зеланд, Руанда, Сингапур, Јужна Кореја и Тајланд). Вклучена е Кина, под услов да дозволи патници од ЕУ, што не е случај сега. Клеман Бон, исто така, инсистираше на потребата за добра координација меѓу 27-те земји-членки кои ќе останат одговорни за укинување на ограничувањата за патувања во однос на земјите од списокот.
– Со другите европски земји се работи на овој заеднички список за да не се најде во случај кога една земја ќе им дозволи на Американците да дојдат, а не и соседните земји, рече тој.
Доколку надворешните граници се блокирани од март 2020 година за несуштински патувања, некои европски земји, многу зависни од туризмот, планираат да ги отворат или веќе ги отворија за патници од други земји надвор од ЕУ, но под одредени услови.