Повредените на „концертот на смртта“ ги тужат Тревис Скот и Дрејк: „Парите ви се послатки од луѓето!“

Двајца посетители на фестивалот „Астроворлд“ во Хјустон, на кој во петокот среде стампедо загинаа осум луѓе, а хоспитализирани беа 25 лица, ги тужат организаторите и раперот Тревис Скот, пишува „Е! Њуз“.

Тужбата ја поднел Мануел Суза, кој се здобил со „тешки телесни повреди“ и бара милион долари од раперот Тревис Скот и организаторот, компанијата „Лајв нејшн“. Ниту еден од обвинетите не бил достапен за коментар, јави Гласот на Америка (VOA).

Тужбата е поднесена во саботата, со тврдење дека трагичниот настан бил „предвидлив и можел да се спречи“. Соуза тврди дека „обвинетите можеле да обезбедат безбедна и позитивна средина за сите присутни“, но „мотивацијата за заработка на штета на здравјето и безбедноста на посетителите, поради нивното поттикнување на насилство, ги чинела животите на осум лица, а многумина беа повредени за време на настанот што требаше да биде забавен“.

Тужбите вклучуваат наводи дека Скот и ненајавениот изведувач Дрејк ја поттикнале публиката и дека концертниот продуцент „Лајф нејшн“ не обезбедил соодветни безбедносни мерки.

Двајцата рапери и продукциската куќа не одговорија директно на ваквите наводи.

 

Во стампедото, за кое се уште не се знае поради што настанало, се повредени десетици луѓе. Меѓу загинатите има тинејџери, на возраст од 14 и 16 години.

Началникот на полицијата во Хјустон, Трој Фајнер, рече дека одделот за убиства и наркотици покрена истрага за потенцијално кривично дело, по наводите дека на посетителите им била вбризгана дрога.

Еден од работниците од обезбедувањето на фестивалот рекол дека почувствувал убод на вратот. Се онесвестил, а брзата помош го вратила така што му вбризгнала инјекција Наркан – која се дава по предозирање. Наркан им бил даден и на други посетители, соопшти полицијата.

Истрагата за смртоносното стампедо на фестивал во Хјустон се проширува. Официјални лица рекоа дека некои од жртвите имале срцев удар, а повеќето од нив починале во близина на сцената, во стампедото што настанало.

„Хјустон хроникл“ ја идентификуваше најмладата жртва како Џош Хигерт, средношколец кој дошол рано на концертот за да го следи од првиот ред. На концертот дошол со пријател, а мајка му му купила билет за роденден. Друга жртва е 27-годишниот Дениш Беиг, кој се обидувал да ја заштити својата свршеница во стампедото.

ВИДЕО | Меѓу загинатите на фестивалот „Астроворлд“ е и 14-годишно дете

На првиот ден од фестивалот настанал хаос, кога околу 21 часот публиката почнала да ита кон сцената, што предизвикало паника.

Но, раперот Тревис Скот го продолжи концертот и покрај инцидентот и го завршил 40 минути подоцна.

Скот на социјалните мрежи објави дека „не можел да ја замисли сериозноста на ситуацијата во тој момент“.

Фото: ЕПА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот