Повредени две лица во судир на воз и комбе

Патнички воз на МЖ/Фото: Архива на Слободен печат

Две лица се повредени во судир на воз и комбе што се случил на пругата помеѓу железничката станица „Радуша“ и железничката станица „Јегуновце“, информира МВР.

Според информациите на МВР, вчера во 17,15 часот било пријавено дека на пругата помеѓу железничката станица „Радуша“ и железничката станица „Јегуновце“ се случила несреќа помеѓу патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје – Кичево и товарно моторно возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ќ.(44) од Тетово.

Во незгодата возачот и сопатникот М.А.(56) од Тетово се здобиле со повреди констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид на местото на настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот