Повредена жена во автобус на ЈСП

јсп автобус
Автобус на ЈСП /фото: Архива на Слободен печат

Таа се здобила со тешки повреди, по што била пренесена во градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

Седумдесет и седумгодишна скопјанка е тешко повредена откако паднала на вториот кат во автобус на ЈСП.

Од полицијата велат дека немилиот настан се случил вчера во 12.20 часот. Кога автобусот тргнувал на второто ниво во внатрешноста на автобусот паднала патничката М.Ј. (77) од Скопје. Таа се здобила со тешки повреди, по што била пренесена во градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот