Повредата е посилна од Барди, негова замена се Стоилов и Младеновски

Слободен печат/Арбнора Мемети

Фудбалерот на Леванте, Енис Барди поради повреда нема да биде дел од македонската А репрезентација за натпреварите против Словенија (10. октомври) и Полска (13. октомври) од квалификациите за Евро 2020.

Селекторот Игор Ангеловски во пресрет на натпреварите, дополнително ги повика Ѓорѓи Стоилов од Академија Пандев и Марио Младеновски од Вардар. Двајцата ќе се бидат дел од првиот собир на репрезентацијата закажан за утре во 12:00 часот во хотел “Гранд Плаза”.

Првиот тренинг на репрезентацијата е утре од 19:00 часот на Националната арена “Тодор Проески”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот