Повисоки цените на индустриските производи на домашниот пазар

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0,1 отсто на месечно ниво и за 1,1 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во декември 2019, во споредба со ноември 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите трајни производи за широка потрошувачка за 0,2 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка 0,6 отсто.

Во декември 2019, во споредба со декември 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите енергија и нетрајни производи за широка потрошувачка за  два отсто и капитални производи за 0,5 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот