Повеќе новоздравени пациенти отколку новозаразени со коронавирус во Албанија

Во последното деноноќие, во Албанија, регистрирани се повеќе новооздравени пациенти отколку новозаразени со Ковид-19.

Според Министерството за здравство и социјална заштита ново заразени се седум,со што вкупната бројка сега изнесува 773, додека во списокот на оздравени се впишани уште 15 или вкупно 470 лица.

Сеуште активни на Ковид-19 се 272 пациента, додека досега починало 31 лице, но сите боледувале и од други болести.

„Информираме дека во Инфективната клиника и во болницата „Шефќет Ндроќи” хоспитализирани се 36 пациенти, од нив седуммина се на интензивна терапија, од кои еден во тешка состојба“, стои во соопштението.

До сега во земјата тестирани се 8.253 сомнителни случаи или за 225 повеќе од вчера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот