Повеќе лица се карале во кафеана, а потоа физички се пресметале

тепачка
Илустрација: Тепачка / Фото: МИА

Во село Криволак, неготинско, по претходна расправија во угостителски објект повеќе лице физички се пресметале надвор од објектот, информира МВР.

-На 22.07.2020 во 19.50 часот во СВР Велес било пријавено дека во с.Криволак, неготинско, повеќе лица го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. Полициски службеници од Полициска станица Неготино излегле на местото на настанот и констатирале дека по претходна расправија во угостителски објект во село Криволак, настанала физичка пресметка помеѓу повеќе лица надвор од објектот- стои во соопштението на МВР.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител и по негово овластување бил извршен увид на местото на настанот.

По целосно документирање на случајот и утврдување на идентитетот на сите инволвирани лица ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот