Поведена постапка за три лица кои го прекршиле полицискиот час во Гостивар

Гостиварското обвинителство денеска поднесе предлози за издавање казнени налози за три лица кои не постапиле според здравствените прописи и со тоа го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

-Обвинетите во одделни кривично правни настани се движеле пеш или со возило за време на полицискиот час во Гостивар, односно за време на важење на забраната за движење на населението на територијата на Република Северна Македонија- се вели во соопштението на ОЈО Гостивар.

За стореното крвично дело, надлежниот обвинител од судот побара на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот