Потврдено: Дебелината го слабее имунолошкиот одговор на коронавирусот

Фото: Промо

Со новите истражувања се ревидира индексот на телесна маса (БМИ) кој е знак за дебелина. Дури и луѓето кои страдаат од блага дебелина се меѓу оние кои се најмногу изложени на ризик да развијат тешки форми на ковид-19. 

Година и половина по избувнувањето на пандемијата, неколку научни студии потврдија дека луѓето со вишок килограми, дури и кога вишокот не е нагласен, се изложени на поголем ризик да развијат тешки форми на ковид-19 што можат да доведат до смртен исход. Односно, колку повеќе се забележува вишокот тежина, толку е поголем ризикот за изложеност на инфекција со коронавирус. Ова, исто така, го потврдуваат и извештаите за пациентите кои се на интензивна нега. Освен возраста, заклучуваат студиите, дебелината е најзначаен ризик-фактор како и болестите предизвикани од дебелина, како што се хипертензија и дијабетес тип 2.

Фото: Промо

Улогата на дебелината како ризик-фактор за пациентите инфицирани со ковид-19 е идентификувана уште во раните месеци од минатата година, со неколку студии кои нагласија поврзаност меѓу потешките последици од инфекцијата и повисокото ниво на смртност. Во првите месеци од пандемијата, спроведените истражувања се базираа на ограничен број случаи. Меѓу првите што ја поставија тезата за поврзаноста на ризик-факторот дебелина и потешките форми на ковид -19 беа истражувачите од Универзитетот во Болоња, во студија објавена во „Јуропијан Џурнал оф Ендокринолоџи“ Резултат: кај пациенти инфицирани со ковид-19 на кои индексот на телесна маса (БМИ) бил поголем од 30, покажале зголемен ризик за развој на респираторна инсуфициенција, што бара прием на интензивна нега или пак смртен исход. „Сите нивоа на дебелина се поврзани со развојот на потешки форми на ковид-19“, вели Матео Ротоли, хирург кој ја координираше студијата. До истиот заклучок дојдоа и истражувачите од Универзитетската болница во Парма, а резултатите од нивната работа беа објавени во списанието „Обесити Срџери“.

Најновите истражувања тврдат дека во Европа стапката на смртност или полоши прогнози на развој на болеста била до десет пати повисока во земјите каде што повеќе од еден од тројца возрасни лица се со прекумерна тежина или дебели. Но, како дебелината влијае на исходот на болеста? Можностите што се разгледуваат денес се дека: дебелината го слабее имунолошкиот одговор на вирусни инфекции и предизвикува појава на промени во белодробните функции. Понатаму, кај дебели пациенти постои зголемување на синтезата на проинфламаторни цитокини, па оттука е намалениот имунолошки одговор и тешкотијата во лекувањето на инфекцијата.

Ризици дури и со умерена дебелина

Новите истражувања одат дотаму што наведуваат точно каков индекс на телесна маса (БМИ) е знак за дебелина. Вредноста помеѓу 30 и 35 БМИ идентификува состојба на блага дебелина. Ова се упатства кои денес доаѓаат од различни земји, вклучувајќи ги Обединетото Кралство и Соединетите држави, направени со цел да се идентификуваат категориите што се најзагрозени од развој на тешки форми на ковид-19. Критериумите укажуваат дека БМИ што е поголем од 40, одговара на ниво на тешка дебелина. Сепак, новите резултати од Болоњската студија сугерираат дека оваа бројка треба да се ревидира надолу.

„Дури и луѓето кои страдаат од блага дебелина се меѓу оние кои се најмногу изложени на ризик“ – се нагласува во студијата.

Пандемијата го нагласи и редефинира проблемот со дебелината во светот, Европа, секако и кај нас. Овој проблем натера голем број луѓе да ги ревидираат своите животни навики и начинот на исхрана. Земете предвид уште и дека пандемијата ни донесе и намалување на физичката активност (особено за време на домашните изолации), па со тоа докторите нагласуваат дека навиките за јадење треба драстично да ни се променат! Добар дел од нив, веќе се согласни дека протеинската исхрана и диетите кои ги исклучуваат шеќерите и јагленохидратите се најприлагодени во борбата против килограмите, но и во самата борба против ковид-19.

По сите овие нови истражувања, наше е да ве потсетиме: претставништвото на „Интернешнал Хелт“ во Македонија нуди диетотерапија базирана на протеинска исхрана и суплементи („Липо Алфа“ и „Липо Бета“), за брза и здрава загуба на вишокот килограми.

Закажете бесплатен совет и консултација во „Липо диет“ центарот, (на улица „Димитрие Чуповски“ број 22, спроти поранешен „Мекдоналдс“) или јавете се на телефоните 02 3151714, 070 535033. Протоколот за слабеење може да го нарачате и на домашна адреса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот