Потврдени уште два случаи на заболени од коронавирус во Грција

Потврдени се уште два случаи на коронавирусот во Грција, еден кај детето на 38-годишната жена од Солун, другиот кај жена од Атина, која патувала во Италија, со што бројката на случаи во Грција се искачи на три, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на Министерството за здравство на Грција и научен соработник во грчката Национална организација за јавно здравје, професорот Сотирис Циодрас, рече дека вториот случај во Солун е кај лице кое не патувало во Италија и е прво пренесување на коронавирусот.

-Во рамките на проверката на контактите на првиот случај, денеска, од надлежната лабораторија на Медицинскиот факултет во Солун, беше потврдено пренесување на вирусот на блиско роднинско лице на нашата сограѓанка, која беше првиот заразен случај. Конкретното лице не патувало во Италија. Преземени се сите неопходни мерки за останатите контакти, и испитувањата се негативни, рече професорот и додаде дека во рамките на третманот на случајот, од превентивни причини се препорачува затворање на 14 дена на основното училиште во Солун.

Прочитајте и...  Повеќе од три лица не смеат да се возат во автомобил, вклучително и возачот 

Во однос на третиот потврден случај, професорот Циодрас рече дека се проверуваат контактите на жената од Атина, која патувала во Италија, за да се преземат дополнителни мерки.

Министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас, на денешната прес конференција, рече дека се откажуваат сите карневали, меѓу кои и традиционалниот карневал во грчкиот град Патра што требаше да се одржат викендов.

-Врз основа на препораките и упатствата на Комисијата за справување со вонредни случувања во јавното здравје, односно експертите, професорите за вирусни заболувања, професорите за епидемии кои секојдневно нѐ советуваат и во рамките на општата заштита на населението, со основен критериум јавното здравје, одлучивме да се откажат карневалите во цела Грција, како што прават и други европски земји, рече Кикиљас.

Прочитајте и...  Спасовски: Владата во ниту еден момент не заборави на граѓаните на Општина Куманово

Прочитај повеќе

Бројот на крводарители сведен на минимум

Слободен печат

Авганистан денеска ослободи 100 талибански заробеници

МИА Агенција

Спасовски: Владата во ниту еден момент не заборави на граѓаните на Општина Куманово

Слободен печат

Лајчак известен дека Курти лично ќе го предводи косовскиот тим за преговори со Србија

Слободен печат

Што после коронавирусот? Започнува „втората фаза“ – Овие земји во Европа почнаа да ги олабавуваат мерките

Слободен печат

Не чекале коронатест – патници од индонезиски брод скокале во море и пливале до брегот

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Постигнат договор во ОПЕК за намалување на дневното производство на нафта

МИА Агенција

Оваа техника за дишење може да им го спаси животот на заболените од коронавирус: Англиски лекар објаснува како да ги спасите белите дробови (ВИДЕО)

Слободен печат

Бебе заразено со коронавирус во Македонија

ЕЦДЦ: Европа сѐ уште не го достигна врвот на епидемијата

МИА Агенција

Стравувајќи од нова епидемија Кина стави во карантин регион од 640 илјади луѓе

Дејан Андоновиќ

Синот на српскиот претседател Вучиќ заразен од коронавирус: „Сине ќе победиш, те сака тато“

Слободен печат