Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ очекува најдобар изборен резултат којшто било која опозиција го освоила

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ/Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека очекува партијата да издвојува најголема победа на една опозициска партија во историјата, во интервју на ТВ 21.

„Очекуваме да добиеме 55-56 пратеници, а можеби и повеќе“, рече Николоски.

Тој исто така додаде дека главната заложба на ВМРО-ДПМНЕ на овие избори ќе биде самостојно да формира влада за да не зависи од никого и да направи суштински промени во Македонија.

„За да направиме суштински промени во Македонија, ние мораме целосната постава на влада да смениме. Ниеден од овие два клучни партнери во владата не смее да е дел од следната влада. Инаку нема промени, да не се лажеме. Такашто и СДСМ и ДУИ треба да одат во опозиција ако сакаме промени, потенцираше Николоски.

„Еден од нашите чекори во нашата програма ако дојдеме на власт е распуштање на судскиот и на обвинителскиот совет, затоа што се изворот на криминалот и корупцијата“, изјави Александар Николоски, потрептседател на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во „Клик Плус“.

Тој смета дека едно од решенијата е да се бираат овие два совети како Антикорупциската комисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот