Постоењето на НАТО е од исклучително значење за Германија смета Меркел

Ангела Меркел / Фото: EPA-EFE/AIDAN CRAWLEY

Оддржувањето  на НАТО е од исклучително значење за Германија, изјави денеска канцеларката Ангела Меркел, откако францускиот претседател Емануел Макрон во интревју за „Економист” пред три недели кажа дека НАТО „доживеа мозочна смрт”.

-Одржувањето на НАТО денеска е уште повеќе во наш интерес отколку што беше во време на Студената војна – или барем исто толку важно колку што беше во Студената војна, рече Меркел во германскиот Парламент.

„Затоа што, како што вчера кажа министерот за надворешни работи Хајко Маас, Европа во моментов не може сама да се брани, рече таа.

Францускиот претседател ја разбранува јавноста и сојузниците, кога на почетокот на месецот изјави дека ја живееме мозочната смрт на НАТО и дека европските земји веќе не можат да се потпрат на тоа дека САД ќе го бранат нивниот сојуз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот