Посебен режим на возење и прекин на дел од патиштата поради дождовите и поплавите

Дел од патиштата низ Македонија се под посебен режим на движење за автомобили поради поројните дождови кои ја зафатија земјава и создадоа излевање на голем број реки. Имено од изминатиот ден од 17:00 часот сообраќајот на регионалниот пат од с.Трново – Општина Крива Паланка е нормализиран во двата правци за сите моторни возила. Патот претходно беше во прекин поради обилни врнежи од дожд.

Од настанатите поплави неделава во Делчево и околината оштетени се темелите на мостот на Црвенска река на магистралниот пат А3 делница М.Каменица – Делчево. Извршено е примарно санирање,но поради поголема безбедност на сообраќајот. Вчера е извршено затвореање на едната лента од мостот до комплетно завршување на работите. Затворањето е извршено со прописна верикална сигнализација и сообраќајот на мостот се врши наизменично во двата правца по една коловозна лента.

Поради излевање на Крива река, во прекин ќе бидат локалните патишта од Крива Паланка кон с.Варовиште и с.Градец. Исто така, во с.Пчиња (Куманово) има собрани дрвја и гранки под мостот на р.Пчиња, со што е намален протокот на реката, па постои опасност од излевање и оштетување на мостот.

Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот