Портпаролката на Стејт департментот, Морган Ортагус ѝ посака добредојде на нашата земја во НАТО (ВИДЕО)

Северна Македонија покажа цврсти заложби за трансатлантската заедница и кон нејзините заеднички вредности и безбедност, изјави портпаролката на Стејт департмент Морган Ортагус, посакувајќи ѝ добредојде на нашата земја во НАТО.

Таа им го честиташе на македонските граѓани овој значен момент.

-Северна Македонија испрати речиси 4.000 војници во операциите на НАТО од 2002 година. Овие трупи се борат заедно со Американците во Ирак и Авганистан, и придонесуваат во коалицијата што го порази калифатот на Исламската држава, рече таа во видео порака.

Додаде дека државниот секретар Помпео при посетата на државата минатата есен изјавил дека „иднината им припаѓа на суверените и независни држави, кои ги штитат нивните граѓани, ги почитуваат нивните соседи и ги ценат разликите што секоја земја ја прават специфична и уникатна. САД остануваат цврсто посветени на Членот 5 на НАТО и ќе останат да партнери на Северна Македонија, за безбедноста и просперитетот на нејзините граѓани, регионот и на светот”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот