Поразот од Сасуоло ги зовре страстите: Тепачка во соблекувалната на Лацио

EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI

Катастрофалната серија на Лацио и трите порази по ред кулминираа по денешниот дебакл против Сасуоло. Лацијалите на „Олимпико“ загубија со 1:2 и речиси му ја подарија титулата на Јувентус, што беше причина за тепачка во соблекувалната.

Според „Според Медиасет“, веднаш по натпреварот дошло до физичка пресметка помеѓу фудбалерот Франческо Ачерби и директорот на медицинската служба, Иво Пулчини.

Една од причините зашто Ачерби му се нафрлил на Пучини се големиот број на повреди во изминатиот период и вербалната пресметка преминала во физичка.

Исто така имало и меѓусебни обвинувања помеѓу фудбалерите поради недоволното залагање на теренот кое довело до серија од три порази и губење на шансите за освојување на титулата. Челниците на екипата веднаш ги демантираа овие тврдења на „Спорт Медиасет“.

„Сакаме категорично да ги демантираме информациите дека по натпреварот со Сасуоло имало физичка пресметка во соблекувалната и да истакнеме дека ваквите информации немаат никаква основа“, порачаа од управата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот