Поразителни резултати од истражување во Финска – земјата се соочува со наплив на расизам

Фото: Unsplash

Финска се соочува со наплив на расизам – 33 невладини организации денеска ги повикаа властите  да воведат обемни законодавни и политички мерки за борба против расизмот.

Во заедничката изјава на финските и меѓународните организации, се оценува дека законските предлози на финската влада „се закануваат да го продлабочат системот на структурен расизам“, пишува Yle news.

Соопштението е објавено во пресрет на објавувањето на резултатите од истражувањето на финскиот Црвен крст, според кое 82 отсто од испитаниците изјавиле дека лично доживеале или биле сведоци на расизам.

Премиерот на Финска, Петери Орпо денеска ќе одржи тркалезна маса со претставници на имигрантските организации, на која тема ќе биде како да се обезбеди полесен пристап до работните места за имигрантите.

Неговата влада минатата недела објави почеток на кампања против расизмот која ќе ги охрабри организациите од различни сектори да се посветат на борбата против расизмот и поддршката на еднаквоста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот