Поранешниот директор на ЦИА: САД ќе плати висока цена за убиството на Сулејмани

Солејмани, вели Морел, беше злобен генијалец, кој имаше многу американска крв на своите раце.

Убиството на иранскиот генерал Касам Сулејмани, на меѓународниот аеродром во Багдад во Ирак, беше главната вест во сите светски медиуми. Сулејмани познат како еден од најмоќните луѓе во Блискиот Исток и втор човек во Иран, по Хомеини, беше убиен во текот вчерашниот ден.

Овој настан е оценет како „убиство на векот“, со кој се ризикува започнување на воен конфликт помеѓу Иран и САД. После убиството на Сулејмани, Иран се закани дека одмаздата ќе биде жестока.

Овие бурни настани ги коментираше и поранешниот шеф на ЦИА, Мајкл Морел. Во интервју за “CBS”, Морел рече дека САД ќе плати тешка цена за смртта на иранскиот генерал. Тој рече дека ќе има мртви американски цивили, кои може да бидат убиени во деновите што претстојат.

Солејмани, вели Морел, беше злобен генијалец, кој имаше многу американска крв на своите раце.

-Светот е подобро место без него, но проблемот е што САД ќе се плати висока цена. Како прво, ќе има мртви Американци, мртви цивили. Може да се случи во деновите што престојат, во земјите каде Иран има свои помошници. Поголеми се шансите тоа да биде во Ирак, но и во Либан, Бахреин и други места во Блискиот Исток- рече Морел.

Тој додаде дека можно е да се случи некој терористики напад со намера за убивање на некој висок американски функционер и тоа би можело да се случи секаде, дури и во САД.

-Тие (Иранците) ќе извршат терористички напад, со цел убивање на некој висок американски претставник. Ова може да се случи било каде, дури и во Америка- додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот