Поранешниот албански министер Марко Бело почина од ковид-19

Фото: GENT SHKULLAKU / AFP / Profimedia

Поранешниот албански министер за евроинтеграции и за координација на владата, Марко Бело почина денеска на 59-годишна возраст како последица на коронавирусот.

По дијагностицирањето на Ковид-19, тој 23 дена се лекуваше во болница во Турција, каде и почина.

Покрај тоа што беше пратеник од редовите на Социјалистичката партија во период од 2001 до 2013 година, ја извршувал и функцијата министер за евроинтеграција, државен министер за координација, како и заменик министер за одбрана.

Во периодот 1997-2000 Марко Бело беше амбасадор на Албанија во Романија, а е еден и од основачите на Советот на амбасадори на Албанија.

Изразувајќи длабоко сочувство до семејството на Бело, претседателот Илир Мета истакна дека „болката е огромна од прераното заминување на пријател, соработник, колега, активен интелектуалец, примерен граѓанин и семеен човек”.

Од него се простија и лидери на политички партии, негови сопартијци, колеги, пратеници и дипломати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот