Пораката на Ѓоковиќ што ја напиша на камерата во чест на Брајант! (ВИДЕО)

фото: твитер

Ноле ги напиша иницијалите на Брајант и броевите, додаде „Те сакам Џиџи“ како посвета на ќерката на Коби и сето тоа го заокружи во едно срце.

Српскиот тениски ас моментно се натпреварува на првиот грен слем сезонава, тој се пласираше во полуфиналето на „Австралија опен“ после триумфот над Милош Раонич.

Новак Ѓоковиќ даваше изјава со иницијали „КБ“ и броевите „8“ и „24“ како посвета на својот голем пријател Коби Брајант кој загина во хеликоптерска несреќа.

После говорот, на заминување на една од камерите остави порака за една од легендарните НБА кошаркарски ѕвезди.

Ноле ги напиша иницијалите на Брајант и броевите, додаде „Те сакам Џиџи“ како посвета на ќерката на Коби и сето тоа го заокружи во едно срце.

За пласман во големото финале Ѓоковиќ ќе игра против Рожер Федерер, а втората полуфинална двојка ќе се дознае после одигрувањето на останатите четвртфинални мечеви Надал-Тим и Вавринка-А. Зверев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот