Поради снегот и минусните температури во Албанија „онлајн” настава во сите училишта

Поради обилните снежни врнежи кои ја зафатија целата територија земјата и минусните температури, од утре во Албанија се затвораат сите училишта и насатавата ќе се изведува „онлајн”, информираше министерката за образование, спорт и млади, Евис Куши на Фејсбук.

– Според Управата за хидрометереолошки работи, во нашата земја се очекува значителен пад на температурите и обилни врнежи од снег. Поради оваа причина, Министерството за образование, спорт и млади одлучи сите наши институции од основото и средното образование да преминат во третото сценарио за учење, а тоа е учење од далечина и тоа од 15 до 19 февруари 2021 година, напиша министерката.

Куши подвлекува дека Генералниот директорат за предуниверзитетско образование, како и сите канцеларии за образование и регионални дирекции во земјата, интензивно работат на преземање на сите потребни мерки за да се обезбеди непречено одвивање на овој процес.

Претходно, поради влошената епидемиолошка состојба со Ковид-19 и се поголемиот број заразени млади од 15 до 24- одишна возраст, во десет општини, кои се сметаат за најпогодени, наставата во средните училишта од четвртокот се одвива „онлајн”.

Во учебната 2020/2021 година во 1.754 основни и средни училишта во земјата настава следат над 430.000 ученици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот