Поради сексуално искористување на малолетник: 12 години затвор за ѕвездата на серијата на „Нетфликс“

Фото: Инстаграм

Џери Харис (21), поранешна ѕвезда на серијата „Cheer“ на „Нетфликс“, е осуден на 12 години затвор поради сексуално искористуваењ на малолетник и детска порнографија.

„Казната е 12 години затвор, проследено со 8 години под надзор на судот“, изјавил за Си-ен-ен помошник обвинител за северниот округ Илиноис, Џозеф Д. Фицпатрик.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by hotgossipnewz (@hotgossipnewsinfo)


Харис се изјасни за виновен во февруари, а неговите адвокати рекоа дека сака „да ја преземе одговорноста за своите постапки и јавно да изрази каење за штетата што им ја нанел на жртвите“.

Во декември 2020 година, Харис беше обвинет по седум точки од обвинението поднесено во американскиот Окружен суд во северен Илиноис.


Во спогодбата за признавање на вината, Харис се изјасни за виновен по две точки од обвинението, наведувајќи дека поседувал детска порнографија, како и дека патувал помеѓу државите за да се сретне со 15-годишно момче со кое имал сексуален однос.

„Иако на Џери му претстои тежок пат, неговиот бескомпромисен дух и сила веќе го однесоа низ предизвикувачки времиња. Тој нема ништо друго освен емпатија и каење за луѓето што ги повредил и се надева дека денешната постапка им дала мир“, рекол адвокатот на Харис за „Њујорк пост“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miz Hollywood (@mizhollywood)


„Cheer“ го следи навивачкиот тим од колеџот Наваро во Корзикана, Тексас. Харис е еден од неколкуте студенти чија приказна е во фокусот на серијата, која дебитираше на стриминг гигантот во јануари 2020 година. Втората сезона на „Cheer“, објавена лани, се занимаваше со обвинувањата против Харис и имаше интервјуа со двајца негови обвинувачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот