Нов „скандал“: Кралот Чарлс и Камила ја принудиле Кејт да го смени името

Фото: Скриншот/Јутјуб

Принцот Хари во својата книга, односно мемоари „Spare“ (Резерва), кои патем, излегува утре, открил дека кралот Чарлс Трети и неговата сопруга Камила ја принудиле принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, да го смени своето име.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Middleton (@mrskatecambridge)


Мидлтон морала да го смени името кога се омажла за принцот Вилијам и наместо Кетрин, се вика Кејт, а причината, како што пишува Хари, е премногу себична. Имено, Чарлс и Камила побарале од Мидлтон да го смени името од Кетрин во Кејт, бидејќи во семејството има премногу луѓе чии имиња почнуваат на буквата C (Catherine). Чарлс, Камила и Кетрин ја имале почетната буква C – Charles, Camilla и Catherine, а тоа за кралското семејство било премногу.

Кралот и кралицата тврделе дека би било многу збунувачки доколку Кејт го остави своето вистинско име, особено при користењето шифри или лични монограми на кралското семејство, пишува „Дејли мејл“.

Навеле и дека Хари во својата книга напишал дека на Чарлс многу му се допаѓа косата на Кејт Мидлтон и дека многупати зборувал за нејзината долга, кафеава коса. Чарлс и неговата покојна мајка, кралицата Елизабета Втора, претпочитале жени со пуштена коса и минимална шминка, па затоа неговата Меган Маркл на запознавањето со Чарлс и Камила дошла токму во такво издание.

 


Да потсетиме, мемоарите на Хари, наречени „Резерва“, излегуваат на 10 јануари, а книгата го добила името по тоа што Чарлс по раѓањето на Хари, ѝ рекол на Дијана дека му донела уште еден наследник и „резерва“.

„Тој е љубоморен на мојата волшебна Меган“: Принцот Хари го обвинува својот татко, кралот Чарлс

ВИДЕО | Принцот Хари: Си ги сакам брат ми и татко ми назад

Принцот Хари за денот кога се родил: Знаете ли што ѝ рекол татко ми на принцезата Дијана тогаш?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот