Поради на американската делегација позитивен на ковид, Блинкен ја прекина турнејата во Југоисточна Азија

Блинкен пристигна во Африка
Државниот секретар на САД Ентони Блинкен/ Фото: EPA-EFE/Daniel Irungu

Американскиот министер за надворешни работи Ентони Блинкен ја прекина турнејата низ Југоисточна Азија поради еден потврден случај на Ковид-19 во американската делегација. Третата етапа од турнејата требаше да биде во Бангкок, каде за утре беа планирани средби со тајландски претставници .

Според портпаролот на Блинкен, тие средби се откажани со цел да се намали ризикот од инфекција, а државниот секретар ќе се врати во Вашингтон.

Блинкен изрази жалење што нема да може да присуствува на состаноците во Бангкок оваа недела.

Како дел од неговата турнеја низ Југоисточна Азија, Блинкен престојуваше во Џакарта и Куала Лумпур пред да ја откаже посетата на Тајланд.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот