Скандинавија погодена од бурата Ото

Бура во Шведска/ EPA-EFE/Johan Nilsson

Поради бурата Ото која ја погоди Скандинавија, во Данска се евакуирани бројни станбени згради, затворен е мостот Оресунд кој ги поврзува Копенхаген и Малме во Шведска, а норвешките фериботи се откажани.

Ветровите достигнаа брзина и до 145 километри на час во југозападна Норвешка, а метеоролозите во Данска прогласија портокалова временска тревога за јужниот дел на полуостровот Јитланд.

Градежна компанија од Копенхаген евакуирала 280 жители од три станбени блокови, предупредувајќи дека невремето може да ги урне. Станува збор за станови од 1950-тите, изградени со грешки и не можат да издржат силни ветрови.

Додека невремето се движи источно од Норвешка, мостот Оресунд, преку кој минува и воз, е затворен.
Железничките линии меѓу Малме и Гетеборг се откажани, а возачите се повикани да не патуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот