Поповски во „Утрински брифинг“: Студен бран, северен ветер и провејување на снег

веменска прогноза, метео, зима
Зима / Фото: МИА

До крајот на денов, како и утре ќе имаме променливо облачно и релативно студено време, во северните и во североисточните предели и тоа особено на планините и на повисоките места ќе има услови за провејување на слаб снег, вели во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“, Славчо Поповски.

Ќе дува умерен, особено долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени.

Потоа во петок ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди, ќе биде релативно суво. За време на викендот пак нашата територија ќе биде зафатена од многу постуден воздух од североистокот на Европа, токму поради ова и температурите ќе бележат тенденција на значително опаѓање. Ќе има и повремени локални врнежи од снег, врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет.

Минималните температури за викендот и тоа особено од недела, понекаде ќе се спуштаат и под -10 степени. Многу ниски ќе бидат и максималните дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 во сабота и од -4 до 5 во недела.

Многу студеното време ќе се задржи и на почетокот од следната недела. Токму поради ова доколку излегувате ЗАДОЛЖИТЕЛНО со себе да понесете топла облека со цел да се заштитете од изразениот студ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот