Попова: Дали со директорот на ЈП „Улици и патишта“ бил и директорот на скопската ЗОО Градина (ВИДЕО)

Шилегов молчи и мисли дека со разрешувањето на Сенад Смаиловиќ – Сенко, од директор на ЈП „Улици и патишта“ ќе се спаси од одговорност. Разрешувањето не го амнестира Шилегов од одговорноста, што на клучна позиција поставил лице кое е фатено со две пакетчиња кокаин во себе, потенцираше на денешната прес-конференција Ирена Попова, советник во Град Скопје.

-Дополнително, граѓаните не се запознаени со детали од настанот и дали МВР нешто крие?! Дали во присуство на директорот на ЈП „Улици и патишта“ бил и директорот на скопската зоолошка градина, Ѓорги Галетановски – Чомбе? Каква е улогата на Чомбе и дали и тој бил претресен за поседување на дрога? Што уште треба да се случи Шилегов да поднесе оставка, кога двајца негови директори се вмешани во огромен скандал? Дали е вршено притисок врз полицијата да се преиначи делото од продажба на наркотици во поседување на наркотици за лична употреба?- запрашува Попова.

Дали МВР се замолчува, прашува Попова, под налетот на партиските јурушници на Заев?

-Зошто институциите се ставаат во заштита на криминалци, но и зошто се ставаат во раце на криминалци? Како ќе им објасни Шилегов на Скопјани дека Сенко носел одлуки при полна свест и разум. И како воопшто го назначил?! Шилегов треба јавно да се извини, но и сам да понесе одговорност и да си замине, бидејќи истиот е негово кадровско решение. Неодговорноста на Шилегов ќе повлече и неодговорност и на други носители на јавни функции, кои го изневериле народот- рече Попова.

Случајот на Сенко, рече Попова, е само еден во низата криминогени настани, предводени од луѓе на позиции поставени од СДСМ. Претходно градоначалникот на Ново Село беше фатен како шверца цигари, градоначалникот на Демир Хисар, како се заканува дека прислушкува свои сограѓани, градоначалникот на Шуто Оризари како малтретира човек во својот кабинет, пратеник како нарачува дрога и многу други.

СДСМ не се извини за ниту еден од нив и нивните криминали, рече Попова, СДСМ ја води државата со криминалци. Одговорност мора да има! Градоначалниче вие сте на потег!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот