Поп од авион прскал со СВЕТЕНА ВОДА за да спаси град од разврат

Принтскрин

Православен свештеник од руската област Твер имал силна намера да спаси еден град од блуд и разврат.

Тој се качил во авион заедно со уште неколку попови и го попрскале градот со 70 литри светена вода.

Со ова, тие го благословиле градот веќе да нема пиење и разврат таму. Обредот го извршил отецот Александар Горјачев и уште двајца свештеници од Руската православна црква.

Според нив, светената вода која ја носеле со себе лечи од зависност.

Со нив во авионот бил и брачен пар кој тврди дека сопругот се излечил од алкохолизам токму од оваа светена вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот