ПОНИСКИ ПРИМАЊА ПО ЕПИДЕМИЈАТА: Видете што ги очекува граѓаните на најбогатите земји

epa08308225 (FILE) - (L-R) EU Council President Donald Tusk, Italian Prime Minister, Giuseppe Conte, Japanese Prime Minister Shinzo Abe, US President Donald J. Trump, French President Emmanuel Macron, German Chancellor Angela Merkel, Canadian Prime Minister Justin Trudeau, attend a work session during the G7 summit at Casino in Biarritz, France, 26 August 2019 (Reissued 19 March 2020). According to reports, the 46th G7 summit, scheduled for 10 to 12 June 2020 in Camp David, Maryland, USA, will be cancelled and held as a teleconference instead to fight the spread of the COVID-19 coronavirus pandemic. EPA-EFE/IAN LANGSDON / POOL

Речиси три четвртини од граѓаните на Групата седум (Г7) најбогати земји во светот ги очекува пониски примања поради пандемијата на коронавирусот, покажа истражување објавено денес.

Како што пренесува хрватскиот портал „Новац.хр“, за да се запре вирусот изолирани се цели региони, запрено е пружање на услуги и производство, а прекинати се и набавните ланци. Во Италија која моментално е жариште на заразата во Европа, дури 82 отсто до испитаниците на истражувањето на Кантара наведуваат дека приходите во нивните домаќинства се намалиле поради епидемијата, односно дека очекуваат нивен пад.

Нивниот удел е најголем меѓу земјите членки на Г7 – за споредба, во САД таква оцена дале 74 отсто од испитаниците, а во Велика Британија 70 проценти.

Најмал е уделот на испитаниците кои очекуваат финансиски притисок во Германија. Во сите земји на Г7 поголемиот дел од анкетираните изјавиле дека подолго и почесто ги мијат рацете. Во Британија само 28 отсто од испитаниците навеле дека сега почесто работат од дома, само нешто повеќе од половина избегнуваат да ги посетат старите и ранливи роднини и пријатели кога тоа е можно.

Интернет-анкетата е спроведена минатата недела, пред британската влада да им препорача на граѓаните да останат дома. Во Јапонија наголем број од испитаниците изјавиле дека започнале да носат маска (65 отсто), а најмалку од нив ги преземаат другите мерки наведени во анкетата, како одржување на дистанца од други луѓе, почесто миење на рацете и избегнување на непотребни социјални контакти.

Во Германија, Канада и Велика Британија повеќе од половина испитаниците сметаат дека јавните служби во нивните земји се подготвени да се справат со епидемијата и нејзините последици. Најниско ниво искажале испитаниците во Франција – само 33 отсто од нив сметаат дека нивната земја може да се справи со епидемијата.

Во Италија, која досега забележа речиси седум илјади смртни случаи, најмногу испитанци се „многу загрижени“ за здравјето на локалната заедница, а ги загрижува и достапноста на здравствените услуги.

Италија, пак, го зазема првото место по бројот на анкетирани кои силно ги одобруваат реакциите на владата за справување на пандемијата – таква оцена изнеле вкупно 39 отсто од испитаниците. Најниско ниво на доверба искажале испитаниците во Јапонија – само пет отсто од нив ги одобруваат мерките на владата. Следи Британија со 17 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот