Помпео доби чибук, а сопругата ѓердан и обетки со охридски бисери

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, при вчерашната посета на Охрид доби чибук со охридски бисер и манжетни, а неговата сопруга Сузан доби ѓердан и обетки.

Подароците ги добија од семејството Филеви, кои го изработуваат препознатливиот охридски бисер.

„Се запознаа со техниката, богатата музејска содржина, традицијата, историјата преку вештините на дел од изработката на овој редок занает, како посебен културен елемент на Охрид“, откри изработувачот Михајло Филев за Гласот на Америка.

Помпео вчера во Охрид имаше средби со македонскиот државен врв, каде нагласи дека САД останува партнер на нашата држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот