Полски навивачи завршија во станица

Полски навивачи вчера биле приведени поради нарушување на јавниот ред и мир во кафетерија на плоштад „Македонија“.

Навивачите биле дојдени да го следат фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија – Полска за Кфалификации на ЕП 2020 година и во кафулето негаде околу 20 часот направиле голем „метеж“ зарди кој била повикана полиција.

– Полициски службеници излегле на местото и во полициската станица Центар ги привеле П.М.Б.(30), П.В.(38), K.K.(26) и С.В.Б.(40), сите државјани на Република Полска, за понатамошна постапка – велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот