Полјак сакал да влезе во Македонија со украдено „Рено“, го уапсиле на граница

Фото: Влада на Република Северна Македонија

Полски државјанин е уапсен рано утрово на граничниот премин „Табановце“, откако по проверката, полицијата утврдила дека неговото возило „Рено“ е украдено, соопшти МВР.

„На 15.08.2022 во 01.30 часот на Граничен премин „Табановце” од полициски службеници е приведен Т.И.Х.(47) од Р.Полска, кој управувал патничко возило „Рено Трафик”, со полска национална ознака, затоа што при извршена пасошка контрола и проверки во службената евиденција било констатирано дека возилото според базата на податоци на Интерпол е предмет на потрага, затоа што е пријавено за украдено“, велат од полицијата.

Полјакот и возилото се предадени на полициски службеници од Полициска станица Куманово за понатамошна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот