Полицискиот час повторно чука на врата!

И по осум месеци живот во „новата нормалност“ се чини дека поголемиот дел од граѓаните на Македонија не научија ништо, бидејќи одново сме на почетокот – пред воведување на најрестриктивната можна мерка.

Последното оружје во борбата на Филипче со несовесниот народ е уште еден пакет на мерки пред онаа најригирозната – полициски час.

Маски на отворено, ограничување на јавниот превоз на педесет отсто од целосниот капацитет и препорака цела јавна администрација да ротира во смени, всушност е финалниот обид на Комисијата за заразни болести да направи пресврт во цела ситуација пред да се најдеме во истиот ќорсокак како и пред осум месеци.

Токму пред осум месеци требаше да почнеме да учиме за вирусот, заедно со епидемиолозите, докторите и од нас граѓаните се бараше да се адаптираме на новите предизвици – да се научиме да носиме маски, да миеме почесто раце и да држиме дистанца.

Прочитајте и...  Како Заев ја обедини Македонија

Кога ќе ставиме на вага нашите обврски и задолженија, тие едноставно неможат ниту да се споредат со оние на експертите, кои имаа за цел да дефинираат еден невидлив непријател од кој стравува цел свет.

Нормално, не е за потценување ниту прифаќањето на оваа ситуација од страна на големата маса, промените на начинот на функционирање на сите објекти во сите сфери, но оправдување за ненаучената лекција едноставно нема.

Оправдување нема и не смее да има бидејќи наместо да се слушаат препораките, добар дел од граѓаните го трошеа времето да докажат дека вирус нема и министерот нѐ манипулира.

Бил Гејтс, чипирање, 5-Г мрежата беа само дел од тематиките кои ги обработуваа граѓаните под коментари кај здравствените функционери, кои упорно се обидуваа да објаснат што треба да правиме и како да се однесуваме, наместо да се филозофира и да се разгоруваат непотребни теории на заговор без никаков доказ за тоа.

Прочитајте и...  Прогресот и меланхолијата

А докази постојат, но не такви, туку полните болнички капацитети, неможноста на болните да ја примаат адекватната терапија поради сето тоа, истоштен и преморен медицински персонал, како и бројните пациенти кои го загубија својот живот предвреме како резултат на ковид-19, кој за бројни Фејсбук експерти и натаму не постои.

Сега слободно можете да ја разбудите креативноста во себе со нови уште „пофасцинантни и пошокантни“ откритија за вирусот кои ќе ги презентирате на социјалните мрежи, бидејќи благодарение на генералната непослушност и малиот број на луѓе кои сериозно го сфатија вирусот – полицискиот час повторно чука на врата!

Поврзани вести

Како Заев ја обедини Македонија

Борис Георгиевски/ Дојче Веле

Неколку факти за Југославија и нејзините Македонци

Никола Зечевиќ

Прогресот и меланхолијата

Кошмарен дрим-тим против Заев!

Сашо Орданоски

Чипс, чварки и никсен

Жанета Скерлев

Кратка изборна репортажа за Волшебниците од Оз

Ненад Јовановиќ

Остави Коментар

MacedonianAlbanian