Полицијата приведе 27 мигранти и двајца криумчари

Фото: Илустрација

СВР Струмица на двајца жители на Богданци им поднесе кривична пријава поради сомневање дека сториле кривично дело „криумчарење мигранти”. Тие вчера превезувале 27 мигранти од кои 11 од Авганистан и 16 од Пакистан, а двајца од нив биле малолетници, соопштија денес од струмичката полиција.

Имено, вчера околу 11 часот по претходни оперативни сознанија било забележано товарно моторно возило „цитроен” натоварено со мигранти, кое го управувале Д.М. (22) од Богданци и И.С. (39) од село Селемли, општина Богданци и истото се движело кон Струмица. Возилото било следено и биле алармирани и останатите полициски служби кои биле активни на подрачјето на Струмица.

-Возилото продолжило да се движи по улиците во Струмица, а откако пријавените виделе дека се следени и на даден знак од полициски службеници не застанале, се упатиле по земјен пат кој води кон ниви и викендици. Кога дошле пред една од викендиците на патот имало паркирано автомобил марка „мерцедес”. Сакајќи да поминат помеѓу оградата и запрениот автомобил не успеале и со камионот удриле во запрениот автомобил, притоа соборувајќи ја и металната порта по што возилото било оневозможено да се движи. Бидејќи не можеле да продолжат понатаму, преку совозачкото седиште двајцата пријавени побегнале. Од страна на полициски службеник кој почнал да ги брка бил фатен второпријавениот И.С. и истиот веднаш бил лишен од слобода – стои во соопштението на СВР Струмица

Нешто подоцна од страна на полициски службеници во непосредна близина на местото каде што е пронајден камионот бил пронајден и првопријавениот.

Двете пријавени лица се лишени од слобода и задржани во просториите на Полициската станица во Струмица, а по извршениот разговор се предени во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот