Полицијата растури група прилепски комарџии

Фото: Jun / Flickr

Доцна синоќа полицијата разби група картаџии кои без дозвола организирале комар во изнајмен објект во Прилеп, соопшти полицијата.

„На 22/23.02.2023 во периодот од 23.40 до 01.00 часот, врз основа судска наредба, полициски службеници од ОВР Прилеп извршиле претрес во објект на ул.„Борка Левата”, сопственост на Б.С.(36) од Прилеп, а кој под наем го користел И.Л.(39) од Прилеп. При претресот, во објектот биле затекнати девет лица, од кои три играле комар и кај нив биле пронајдени и одземени пари, карти и други предмети“, велат од МВР.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот