Полицијата постапува по пријава за исчкртаниот напис со името на клубот „Ванчо Михајлов ВМРО“ во Битола

Фото: МИА

СВР Битола постапува по пријавата за натписот со името на клубот „Ванчо Михајлов ВМРО“, што вчера беше исчкртан со спреј од иселеникот од Австралија, Стефан Георгиевски.

Во Битола натписот „Ванчо Михајлов“ исчкртан со спреј, во Охрид ја извадија таблата „Цар Борис Трети“

Снимката од безбедносните камери ја објави бугарската БТВ, а подоцна и Георгиевски се огласи на Фејсбук и упати порака до министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски дека кога тоа не го направиле надлежните институции, морале да реагираат граѓаните од Битола, со „препорака повеќе да не се отвораат вакви клубови кои ќе носат имиња на докажани фашисти, кои ги караат народите на Македонија и Бугарија“.

Здружението вчера беше избришано од Централниот регистар, откако комисија во Министерството за правда утврди дека името не е во согласност со новоизменетиот Закон за здруженија и фондации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот