ПОДГОРИЦА: Потпишан меморандум за соработка меѓу двете земји

Во рамките на престојот во Подгорица, Република Црна Гора, по повод одржувањето на прва Заедничка седница на Владите на Република Северна Македонија и на Република Црна Гора, министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки оствари билатерална средба со министерот за одржлив развој и туризам на Република Црна Гора, Павле Радуловиќ.

При тоа, тие потпишаа Меморандум за соработка меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија и Министерството за одржлив развој и туризам на Република Црна Гора, за соработка на полето на заштитата на животната средина и одржливиот развој.

Со потпишувањето на Меморандумот се зајакнува и продлабочува соработката на полето на заштита на животната средина и одржливиот развој меѓу овие две држави и се отвора можност за реализација на заеднички проекти на нашиот пат кон ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот