Почнува уписот на УКИМ, слободни над 10 600 места за идни студенти

Студент / Фото: Слободен печат. - Драган Митрески

На факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, во прва година додипломски студии во учебната 2021/2022 година се слободни вкупно 10 678 места.

Првиот рок за пријавување на кандидатите кои се рангираат само според успехот во средното образование е 31 август и 1 септември 2021, а на оние кои се рангираат според успехот од средно и според проверка на знаења и умеења е денеска и утре (26 и 27 август 2021). Вториот рок за пријавување е 16 и 17 септември, а третиот на 28 септември 2021.

Според Конкурсот што УКИМ го објави во јуни, во квотата редовни, кои се финансираат од буџетот на државата, има места за 5247 студенти и тие ќе плаќаат школарина од 200 евра. За редовни кои ќе ги кофинансираат студиите има 4366 слободни места, а 1065 се слободни за вонредни студенти. Надоместот за студиите во овие две категории е 400 евра.

Конкурсот на УКИМ содржи информации за бодирањето од успехот во средно образование и од државната матура, критериумите за упис и за потребните документи за пријавување и запишување на кандидатите.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот